Кејн го пропушта почетокот на подготовките поради карантин

Топ стрелецот на Тотенхем, Хари Кејн не ги започна предсезонските подготовки со останатите соиграчи.

Причината за ова е што капитенот на Англија морада се изолира 14 дена, бидејќи беше на одмор на Бахамите.

Кога Кејн и неговото семејство заминале на Карибите, немало никаков услов да бидат во карантин по нивното враќање, но додека биле таму, британската влада ги вклучила Бахамите во списокот на земји, чии повратници мора да поминат задолжителна двонеделна изолација.

Поради оваа причина, Кејн ќе ја пропушти утрешната прва контролна на
„спарси“ против Ипсвич.

Напаѓачот ќе се приклучи на тимот следната недела, иако медиумите на Островот не прецизираат кога точно тоа ќе се случи.

Кејн се очекува да биде подготвен за натпреварите на Англија со Исланд и Данска во Лигата на нации на почетокот на септември.