Киев среде воена хистерија: „Некои уживаат во кина и кафулиња, а некои трупаат храна“

LinkSense.mk

Додека англосаксонските медиуми и оние кои се потпираат на нив пумпаат драма за можна руска инвазија на Украина, жителите на Киев мирно продолжуваат со секојдневниот живот, пренесува британски Гардијан.

Малку има знаци на паника во главниот град на Украина, иако и на жителите делува притисокот од веста за акумулација на оружје од двете страни на границата. Амбасадите на Америка, а потоа и на Велика Британија, изминатиов викенд објавија дека ќе ги евакуираат вработените во нивните дипломатски претставништва во Киев поради закана од руски напад, освен најнужниот персонал.

Украинската влада протестираше заради ваквите одлуки, порачувајќи дека нема причина за повлекување на дипломатите. Русија постојано повторува дека не планира инвазија. Земјите од Европската унија не ги повлекуваат своите дипломати.

Расположението во Киев во понеделникот беше мирно, јавува „Гардијан“, работат продавниците и кафулињата, пред кината има долги редици за прикажување на филмот „Стоп-Земја“, наградуван украински филм за животите на киевските тинејџери.

Но, во исто време, неименувани извори за „Гардијан“ велат дека луѓето ги полнат резервоарите на автомобили со бензин и прават резерви од храна или дури планираат да ја напуштат земјата.

Мислам дека ништо нема да се случи. Нема шанси Русите да го завземат мојот град, би се бореле“, вели Саша, фризерка од Харков.

Марија Глазунова, шеф за комуникации во Украинскиот национален филмски архив, вели дека луѓето кои ги следат вестите не се спокојни, но дека животот оди понатаму.

Размислуваме за војна, но мораме да работиме, ни треба и забава“, вели таа.

Директорот на филмскиот архив побара од Министерството за култура одговор што да прави со архивата во случај на руско бомбардирање.

Сеуште нема одговор“, вели портпаролката Глазунова. Нејзината мајка не ја сфаќа сериозно заканата од руски напад.

Друга Украинка се обидела да ги убеди родителите да одат во бањата во близина на Лавов.

Мајка ми одби да замине. Ми кажа дека сака да умре во Киев”, рекла ќерката.

Во понеделникот, американските граѓани кои живеат во Украина примија мејлови во кои се повикуваат да ја напуштат земјата а, доколку останат, да се пријават во амбасадата. Тие ги предупредија на безбедносните извештаи за тоа дека Русија планира инвазија на Украина

Безбедносните услови се непредвидливи, особено долж украинските граници, на окупираниот Крим и во источна Украина под руска контрола, и може да се влошат без најава. Демонстрациите, кои од време на време стануваат насилни, редовно се случуваат низ Украина, вклучително и во Киев“, стои во мејлот. Во случај на напад, може да има проблеми со евакуацијата на странски државјани, наговестуваат американските власти.

Украинската влада, напротив, ги повика граѓаните да не паничат. Министерството за надворешни работи во понеделникот изрази незадоволство од одлуката на Велика Британија и Америка да го повлечат персоналот од амбасадите.

Тоа е преурането и претерано претпазливо“, рече портпаролот Олех Николенко.

Нема значајни промени во безбедносната состојба во Украина, истакнува Николенко, Русите не прават ништо посебно, акумулацијата на руските сили на границите на Украина почна уште лани во април.

Минатата недела, претседателот Владимир Зеленски истакна дека руската инвазија започнала во 2014 година, кога Владимир Путин го анектираше Крим и покрена немири во Донбас на истокот на земјата.

Заканата со војна постои повеќе од една година, и таа не е зголемена“, посочи Зеленски.

Според неговите зборови, Кремљ крева тревога за да го поткопа моралот на украинската нација.

Активно ја напаѓаат нашата земја и вашите нерви“, ги осуди Русите, украинскиот претседател.