Кина заплени американски подводен дрон !

LinkSense.mk

Кинеската морнарица заплени мини подморница, поточно подводен дрон, на војската на САД кој патролирал во Јужно кинеско море.

САД упатиле официјален демарш до Кина со барање за враќање на подводниот дрон.

Официјален Пекинг го потврди приемот на демаршот.

Се наведува дека овој инцидент, прв од ваква природа во новата историја, се случи на 15 декември северозападно од заливот Субик, кој се наоѓа на западниот брег на филипинскиот остров Лузон, токму во моментот кога бродот на американската морнарица „Боудич“, кој наводно служи за океанографската истражувања, се подготвувал на површина да го извлече подводното возило без човечки екипаж.

Според информациите лиферувани од медиумите, „Боудич“ запрел да ги собере двата подводни дрона кога се појавил кинески брод од кој е пуштен чамец кој од водата извлекол еден од нив.

Пекинг смета дека американското пловило шпионирало активности на кинеската војска во водите на кои, покрај Кина, право имаат уште шест земји, а од нив некои се американски сојузници.

podvoden-dron-2

dron