Кинеското Министерство за заштита на животната средина соопшти дека повеќе компании ги прекршиле мерките за намалување на смогот во текот на периодот на исклучително високо загадување во земјата.
Инспекторите утврдиле дека компаниите продолжиле со производство и покрај владината забрана и дека не ги почитувале правилата за намалување на емисиите на гасови.
Во 24 кинески градови на сила е „црвеното“, највисокото предупредување поради големото загадување, а во тие околности некои компании мораат да го прекинат производството. Додека пак е забрането користењето на возилата кои се големи загадувачи.
Во Пекинг во петокот беше издадено „портокалово предупредување“.
Министерството одредило казни за повеќе од 500 градилишта и претпријатија, вклучувајќи ги и фабриките во металургијата, на земјоделски и хемиски производители и железари, а 10.000 возила се исклучени од сообраќај.
Кина се бори против загадувањето на воздухот чии главни причинители се производството на енергија со согорување на јаглен и фабричките производства, како и големиот број на стари и помалку ефикасни автомобили.