Кирк Даглас полни 100 години

LinkSense.mk

Славниот холивудски глумец, режисер и продуцент Кирк Даглас, чии улоги ја обележаа кинематографијата на 20 век денес полни 100 години.

Од почетокот на филмската кариера, во 1946 година, Кирк Даглас оствари повеќе од 90 филмски улоги, а ќе остане познат, меѓу останатото, по филмовите „Шампион“, „Желба за живот“, „Пресметка кај ОК коралот“, „Патеките на славата“, „Последниот воз за Ган Хил“, „Спартак“.

poster-ok-koral

Иако три пати беше номиниран за наградата Оскар за главна машка улога, во 1950 година за филмот „Шампион“, во 1953-та за улогата во „Лоши и убави“ и во 1957 за филмот „Желба за живот“, на Даглас дури во 1996 година му беше врашен почесен Оскар за животно дело.

Кирк Даглас во главна улога во филмот „Спартак“
Кирк Даглас во главна улога во филмот „Спартак“

Кирк Даглас е роден на 9 декември 1916 година како Ишур Даниеловиќ во Амстердам, во сојузната држава Њујорк, во сиромашно семејство на еврејски емигранти од Гомељ, во денешна Белорусија.

Во младоста работел најразлични работи за да се прехрани себе си и семејството, бил продавач, разнесувач на весници, домар и борач по панаѓури.

Кирк Даглас и Лана Тарне во филмот „Лоши и убави“
Кирк Даглас и Лана Тарнер во филмот „Лоши и убави“

Глумејќи во средношколските претстави, сфатил дека сака да стане глумец, а неговиот талент го препознала и Американската академија за драмски уметности која му доделила специјална стипендија.

Пред да се приклучи во американската морнарица во 1941 година, името Изи Демски, кое до тогаш го користел, официјално го сменил во Кирк Даглас.

Кирк Даглас во сцена од филмот „Шампион“
Кирк Даглас во сцена од филмот „Шампион“

По враќањето во Њујорк, работел во театар, на радио и снимал реклами.

Во 1946 година ја имал првата филмска улога во „Чудна љубов“ на Марта Ајверс, а пресвртница во кариерата му е филмот „Шампион“ во 1949 година.

Даглас од два брака има четири сина, а негов најстар син е познатиот глумец Мајкл Даглас.

Син и татко, Мајкл Даглас и Кирк Даглас
Син и татко, Мајкл Даглас и Кирк Даглас