Климатските промени ќе раселат милиони жители на Бангладеш

LinkSense.mk

Според извештаите на климатолозите, на Бангладеш, држава во која живеат околу 170 милиони жители, му се заканува најголема преселба во човековата историја, јавува АФП.

Заради порастот на нивото на морето и реките своите домови веѓе сега морале да ги напуштат повеќе милиони луѓе.

Кога морето ја однесе мојата куќа, морав да се преселам и да изградам нова. Посадив дрва со манго и грижливо ги одгледував. Но, тогаш дојде нова плима и се повторно ми однесе“, рече Акабар Хауладер, жител на Бангладеш.

Потоа се преселив посеверно и повторни изградив куќа, но и неа ја однесе морето. Немам повеќе сила за нов почеток, сега живеам кај синот. Немам повеќе кај да одам и не знам што повеќе да направам“, додаде тој.

Слична ситуација доживеала и Биби Салма, триесет и петгодишна жена, чија куќа е три пати разорена. Сега со семејството се преселила во еден од најбрзорастечките сиромашни квартови во Дака.

Реката постепено ги поплавуваше нашите полиња. Потоа дојде до куќата и пред извесно време ја однесе. Се изгубивме, и куќата и овоштарникот“, низ солзи зборуваше Салма.

Се се случи толку брзо. За само неколку минути реката го прекри покривот. Се уште ми е пред очи сликата од нашата куќа целосно под вода“, раскажа таа.

Нејзиното семејство сега живее во просторија од 10 квадратни метри, со неколку лонци за готвење и еден душек на кој сите спијат. Нејзиниот сопруг Мохамад Али Асгар земал кредити секогаш кога ќе бил поплавен домот но повеќе не може да позајмува пари за изградба на нова куќа. Сега на улица продава сок од шеѓерна трска и заработува околу 7,50 долари дневно. На тоа подрачје на Бангладеш се почесто има циклони кои во комбинација со се почестите поплави за многу луѓе животот им го направија неиздржлив.

Афсар Диван (65) ја загубил својата куќа откако ја поплавила реката Падма. За време на поплавата уништени биле стотина куќи во околината.

Тамо беа две медреси и џамија. Се однесе реката. Ги однесе и гробовите“, сведочеше Диван кој сега мора да позајмуна пари за да изгради нова куќа.

Меѓународниот центар за следење на миграциите наведува дека меѓу 2008 и 2014 година локално биле раселени речиси 5 милиони жители на Бангладеш, при што повеќето се преселиле во Дака или Читагонг, наведува АФП.

Во Дака во последните две години се изградени десетици илјади домови, од кои повеќе од половината се наменети за климатските бегалци“, изјави Танвир Шакил Џој, висок службеник во градската управа.

Во Бангладеш оваа година се планира за нив да бидат изградени уште 10.000 куќи.

Но, според студијата на организацијата ЦЕГИС, долж двете главни реки во државата, Ганг и Брамапутра, од 2004 година до сега своите домови ги изгубиле околу 50.000 луѓе.

На претстојната конференција за климата ЦОП26 во Глазгов, Бангладеш повторно има намера да го отвори проблемот со климатските бегалци.

Проблемот е што, кога ние на меѓународната заедница и зборуваме за климатските миграции, богатите нации едноставно ја одбегнуваат таа тема. Западните земји, кои се главно и одговорни за глобалното затоплување, треба да сфатат во колкава мерка климатските промени предизвикуваат масовни миграции и раселувања“, рече Џој.

Креваат паника кога ќе го поставиме прашањето за климатските бегалци. Се плашат дека мора да прифатат некои од нив ако признаат дека постои тој проблем“, додаде тој.

Експертите проценуваат дека нивото на океанот во 21 век ќе порасне од 40 до 85 сантиметри, во зависност од емисиите од гасови, пишува АФП.

Светска банка наведува дека заради климатските промеи до 2050 година можат да се преселат 13,3 милиони жители на Бангладеш.