Кога хакерската играчка ќе стане плачка

Така се случи, недолго откако вчера го прочитав интервјуто, објавено на сајтот it.mk, со хакерите кои стојат зад нападот на агрегаторот time.mk (https://www.it.mk/intervju-so-hakerot-koj-stoi-zad-napadot-na-time-mk/), тие вечерта хакираа уште неколку државни институции на сличен начин и со слични пораки како и при хакирањето на time.mk.

Со оглед на моите непостоечки стручни познавања на информатичките аспекти за компјутерско хакирање, разговарав со двајца експерти од оваа област, кои исто така го прочитале тоа интервју. Нивниот впечаток е – ми објаснуваа и стручно, ама не разбрав ништо – дека зад упадот на сајтот на time.mk сепак стојат некакви дечишта, со ограничени информатички познавања и вештини, но најверојатно со инсајдерски пристап до кодови и лозинки кои им го овозможиле упадот.

Добро. Да речеме дека се „дечишта“ кои гледале холивудски филмови, па од забава, со вишок на хормони или заради некаков хакерски ентузијазам решиле да се промовираат во јавноста на овој начин. Дури и да е така, приказната ги има сите изгледи да заврши од наивна играчка, со голема плачка.

За почеток, ако тие „дечишта“ не се во координација со упадите во системот на ДИК, тогаш имале неверојатно лоша среќа: нападот на ДИК е тежок упад во политичко-безбедносниот систем на земјава со јасна цел за интервенција во изборните резултати или, најмалку, за ширење несигурност и недоверба во јавноста во однос на клучниот политички процес кој гарантира стабилност во секоја демократија, а тоа е легитимноста на изборите. Тоа може да биде сè, само не е забавно – а „дечиштава“ оваа коинциденција (ако е само тоа) скапо ќе ги чини.

Па и самиве „дечишта“ не кријат дека имаат јасна политичка агенда. Во спомнатото интервју велат: „Мора некој да изреагира на ваков начин во оваа држава, очигледно со добро ништо не се постигна во последните 20 години. Секако нема да бидат 2-3 напади, се спремаме за преку 30-40 напади во рок од неколку недели.“…

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука