Количините на нафта во САД паднаа, а производството зголемено

Количините на нафта во САД, според објавениот владин извештај, паднаа минатата недела од рекордното ниво забележено претходната седмица, додека производството на „црното злато“ е зголемено, јавува агенцијата „Блумберг“.

Количините се намалени за 2,17 милиони барели на 533,4 милиони заклучно со 7 април, објави американската Управа за енергетска информација (ЕИА).

Аналитичарите во анкетата на „Блумберг“ предвидувале пад од 1,5 милиони барели.

Меѓутоа, производството на нафта во САД во „набљудуваната“ седмица порасна за 36.000 барели дневно, на 9,24 милиони барели, што е највисоко ниво од јануари 2016 година.