Комисијата за заразни болести со предлог границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија да се отворат без ПЦР тест

Комисијата за заразни болести утрово донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тестирање, информира Министерството за здравство.

Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со КОВИД-19 од овие земји.

Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите.

Во Европската Унија, се додава в соопштението од Министерството за здравство, сите граници на движење се без ПЦР тестирање.

Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија.