Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во академската 2017/2018 година, во која новина е укинувањето на дисперзираните студии.
Слободни се вкупно 10.818 места.
Според квотите одобрени од владата, 5.865 слободни места се за редовни студенти за кои годишната партиципација е 200 евра, 3.793 места се за редовни со кофинансирање на студиите со 400 евра годишно и 1.160 за вонредни студенти кои, исто така, плаќаат 400 евра.
Првиот рок за пријавување на кандидатите е на 17-ти 18 август, вториот е на 4 септември, а на факултетите на кои ќе има слободно место третиот рок за пријавуање на упис е на 15 септември.