Контигент на АРМ замина во мисија на НАТО во Косово

Педесет војници, припадници на Армијата на Македонија, утрово заминаа во извршување на мисија на НАТО во Косово, објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на Фејсбук.

„Утрово од касарната ‘Страшо Пинџур’ во Петровец новиот армиски континген замина во НАТО операцијата КФОР во Косово“, наведе министерката Шекеринска.

Шекеринска во објавата на својот фејсбук-профил на припадниците на нашата Армија им посака успешна мисија и безбедно враќање дома.