Косово: Крешник Гаши е нов шеф на косовските разузнувачи

Претседателот и премиерот на Косово, Хашим Тачи и Рамуш Харадинај, го именуваа Крешник Гаши за шеф на Косовската разузнувачка агенција.

За генерален инспектор во истоимената агенција назначен е Бурим Рамадани.

Гаши до сега ја извршуваше функцијата претседател на Бордот на Регулаторното тело за електронски и поштенски комуникации на Косово, а Рамадани беше заменик на министерот за одбрана.

Досегашниот шеф на разузнавачите Шпенд Маџуни на почетокот на ноември си поднесе оставка.