Косовската полиција приведе 59 полицајци осомничени за поткуп

Полицијата на Косово соопшти дека привела 59 свои припадници, поради сомнение дека примиле поткуп.

Во Косовска Митровица се приведени 35 полицајци од албанска, 23 од српска и еден од босанска националност.

Косовската полиција на конференцијата за новинари наведе дека ќе бидат поднесени кривични пријави против 30 граѓани кои нуделе и давале поткуп.

Владата на Косово ја пофали оваа акција на полицијата, оценувајќи дека тоа е доказ за „безкомпромисна посветеност на косовските институции во борбата против организираниот криминал и корупција“.