Костовски: Олимписките квалификации ќе донесат историски успех за македонското таеквондо

Задоволен од освоениот сребрен медал на Европското првенство во Сараево, селекторот на македонската таеквондо репрезентација Борче Костовски најави уште успешни квалификации за Олимписките игри 2021 во Токио.

Олимписките таеквондо квалификации ќе се одржат во мај следната година во Софија, а македонската репрезентација ќе ја предводи освојувачот на сребрениот медал на Европското првенство во Сараево, Дејан Георгиевски.

Селекторот Костовски од настапот на тричлениот состав во кој ќе бидат и Анамарија Георгиевска и Филип Додевски рече дека очекува „историски успех“ за македонското таеквондо.

„Од квалификациите за летните Олимписки игри во Токио 2021 година ќе донесеме радост дома. Таму не се работи за таеквондо, ниту за нешто друго, мотивот е Македонија. Нашите Дејан, Филип и Марија ќе дадат сè што треба така да биде“, најави Костовски во интервју за Ипон.мк.