Кочан примен на Кардиологија

Сеад Кочан, осомничен за финансиска измама од над 17 милиони евра, вчера попладне е примен на Клиниката за кардиологија, објави Макфакс повикувајќи се на извори во Клиниката.

Кочан имал сменет имиџ и носел брада, а дошол заедно со сопругата.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, со уште четворица врховни судии од Кривичниот совет во петокот одлучија му се укине притворот на осомничениот Кочан.

Тој два месеца и шест дена беше во бегство поради истрагата што ја поведе против него Специјалното јавно обвинителство.

Неговата одбрана тврди дека Кочан не требало да се води како избеган, туку дека бил бизнисмен на службен пат.

За укинувањето на притворот денеска реакција најавија од Специјалното јавно обвинителство.