Кој е Салман Абеди, напаѓачот од Манчестер?

LinkSense.mk

Салман Абеди идентификуван е како осомничен за самоубиствениот бомбашки напад на концерот во Манчестер во кој загинаа 22 лица.

Британската премиерка Тереза Меј потврди дека Абеди е роден и пораснал во Британија.

Абеди е од Манчестер, а родителите му се со либиско потекло. Од порано им е познат на британските власти.

Мајка му и татко му емигрирале од Либија во Лондон, а потоа се преселиле во јужното предградие на Манчестер каде што живееле најмалку 10 години.

Полицијата вчера ја претресе куќата во која живеел напаѓачот.

Осомничениот Салам Абеди (22)

Истражителите испитуваат дали Абеди патувал во Либија и дали бил во контакт со Исламска држава.

„Тајмс“ пишува дека се верува дека Абеди неодамна се вратил од Либија. Се верува и дека патувал со воз од Лондон пред нападот.

За случајов се огласи и Салфорд универзитетот, потврдувајќи дека осомничениот бил нивни студент и наведуваат дека и помагаат на полицијата во истрагата.

Полицијата во Манчестер соопшти вчера дека уапсила 23 маж во врска со самоубиствениот бомбашки напад, а медиумите шпекулираат дека станува збор за братот на Салман.

Салман има и сестра, Џомна Абеди, наведуваат извори од безбедносните служби.

Претставник на џамијата Дидзбери во Манчестер вели дека таткото и братот на Абеди доаѓале во таа џамија, но дека тој одел во друга.

„Успеав да стапам во контакт со човек кој го познава неговото семејство. Тој потврди дека сите се преселиле во Либија по убиството на Моамер Гадафи“, изјави Абдал Јусеф.

Како што рече, постои голема веројатност дека браќата од тогаш постојано биле на релација Либија-Британија.