Криминална војна за изгубени 200 килограми кокаин

LinkSense.mk

Само благодарение на чиста среќа, во војната на два црногорски криминални кланови, „шкаљарски“ и „кавачки“, бројот на жртви, што намерни што случајни, во понеделникот околу 18 часот, не ја надмина бројката од 13.

Толку се, имено, убиени во пресметката на клановите која беснее поради исчезнување на товар од 200 килограми кокаин пред две години во Валенсија.

Од тогаш почнаа крвавите пресметки, но само со ранети, за да со рафали, снајперски истрели и поставување експлозив, биле убиени тринаесет главно млади лица, од нив некои настрадаа случајно.

kriminalci-4

Во понеделникот вечерта, во секогаш прометна улица во Подгорица, близу до четири училишта и бројни локали, во моментот додека Игор Вукотиќ, брат му Јован, и Игор Дедовиќ за кого полицијата верува дека е еден од водачите на „шкаљарскиот клан“, влегувале во „опел астра“, одекна страшна експлозија од која автомобилот прелета од едната на другата страна на улицата.

Во меѓувреме, Специјалното државно обвинителство формирало предмет поради тврдењата на Јован Вукотиќ дека „полицијата е полна со криминалци со значки, кои се на платен список на шефовите на мафијата“.

kriminalci-2

Предметот е, според наводите на некои медиуми, во фаза на истрага и ќе бидат разгледани наводите на Вукотиќ дека неколку полициски службеници, меѓу кои и помошник на директорот на Управата на полицијата, се наоѓаат на платен список на мафијата, односно дека од криминалните структури земаат по 20.000 евра месечно, додека еден полициски началник наводно земал 100.000 евра.

Вукотиќ минал неповреден, а од автомобилот во пламен излетал со запалена коса и виндјакна Марко Мартиновиќ (38) од Подгорица, еден од телохранителите на Јован Вукотиќ лидер на кланот од Котор, кој во медиумите демантираше дека ја завземал тоа место.

После неколку чекори се фрлил во тревник и тркалајќи се по земја се обидел да го изгаси огнот кој му зафатил добар дел од телото.

kriminalci-1

Лекарите од Клиничкиот центар на Црна Гора, каде што е префрлен веднаш после тоа, тврдат дена животот не му е во опасност.

Од силната експлозија остана кратер.

Експлозивната направа, се чини, не била најстручно поставена, затоа што во тој случај тешко дека Вукотиќ и Мартиновиќ ќе го преживееја атентатот.

Имено, ударниот бран не бил насочен кон внатрешноста на автомобилот, што укажува на фактот дека „минирањето“ било направено на брзина.

Вукотиќ и Мартиновиќ, како што тврди полицијата која неодамна упадна во куќата на Вукотиќ во Котор да каде што одведе три лица, често ги менувале автомобилите поради сигурност.

Поранешен полицаец сега телохранител

Марко Мартиновиќ бим вработен во црногорската полиција. Последните години работи како телохранител на браќата Вукотиќ. Во јавноста стана познат во средината на октомври 2014 година, при каменувањето на амбасадата на Албанија во Подгорица. Пред три години е уапсен во Тиват со Јован и Игор Вукотиќ, Јован Јовановиќ и Далибор Ѓуриќ поради недозволено поседување на оружје. Ѓуриќ неодамна беше убиен со истрел од снајперска пушта во затворот во Спуж.