Крис Пол ќе го пропушти натпреварот број 6 против Денвер

LinkSense.mk

Плејмејкерот на Феникс санс, Крис Пол, ќе го пропушти шестиот натпревар од серијата против Денвер поради повреда на препоните. Ветеранот на Феникс се повреди за време на натпреварот 2 од серијата и оттогаш не е на теренот.

Без Пол, Санс победија на два домашни натпревари од пресметката во четвртфиналето во НБА-плејофот.

– Тој дефинитивно почна да работи повеќе на тренинзите, но внимаваме да не избрзаме со неговото враќање. Сè уште немам извештај кој вели дека Крис е подготвен 80 или 90 проценти, изјави главниот тренер Монти Вилијамс.

Резултатот во серијата прв до четири е 3:2 за Денвер.

Фото: ЕПА