Крофна – Мафија хара по грчките плажи: Во игра се големи пари, главни се Албанци и Бугари – работи и оружје

Мафијата има свои пипци во секоја пора на општеството, ном сознанието дека се случува вистинска мала војна меѓу продавачите на крофни на плажите во Грција, некако е дочекана со неверување.

Меѓутоа, колку ова и да изгледа смешно на прв поглед, случајот не е ниту малку наивен, затоа што при обележувањето на територијата, спротивставените банди се користат на сите можни начини, со се и сешто, преку вербално застрашување, па до физички и вооружени пресметки.

Слушнав истрел и некој зад мене рече да ги кренам рацете. За среќа, луѓето го слушнаа сето ова, па излегоа на тераса и бев спасен“, раскажал маж од Грузија стар 44 години, чиј идентитет е скриен.

Нападот над него е извршен на плажата Нео Мармара, на Халкидики, пишува грчкиот портал „Прототхерма“.

Токму на тој дел од грчкиот брег, се водат вистински војни меѓу „кланови“ на продавачи на крофни.

Според наводите во тектот, војната главно се води меѓу бугарски и албански државјани кои сакаат да остварат примат во продажбата на крофни на плажите на Халкидики.

Накупците им ги плаѓаат крофните на производителите по 0,50 центи, додека тие во слободна продажба се движат околу две евра.

Според истражувањето, тие дневно продаваат меѓу 500 и 600 крофни, што на неделно ниво им донесува профит од преку 8.000 евра.

Од секоја крофна, еден дел од заработката, се разбира, оди за мафијата.

Сепак, овие информации треба да се земат со резерва, со оглед на тоа дека плажите не се секаде со иста големина, што го намалува или го зголемува бројот на туристи кои се потенцијални купувачи.