Кумановци не го даваат Тане!!!

Вистинска драма се случува во Куманово, пред домот на началникот на кумановската полиција кого припадници од специјалната полиција, со налог издаден од Митко Чавков, сакаа да го уапсат.

„Нема правда, нема мир“, „Тане, Тане“… ечи пред куќата на полицискиот началник.

За да ја смири ситуацијата началникот им се обрати на насобраните граѓани.