Куреши: Насилството во Авганистан води кон егзодус

Шефот на пакистанската дипломатија, Шах Махмуд Куреши, денеска изјави дека мирот во Авганистан е во интерес на Пакистан.

Тој кажа дека е загрижен од зголеменото насилство во соседната земја, изразувајќи страв дека натамошното насилство може да предизвика егзодус на Авганистанците во Пакистан.

Во Пакистан веќе има милиони бегалци од Авганистан, наведе тој, и земјата веќе нема капацитет да примат повеќе луѓе.

Куреши, исто така, изрази надеж дека ќе се постигне договор меѓу владата и талибанците, а Пакистан ќе продолжи со дипломатските напори за постигнување мир.