Куси панталони што ја заменуваат женската чанта

LinkSense.mk

„Куси женски летни панталончиња со додаден џеб со повеќе прегради што заменуваат цела една чанта, е новиот Твитер хит кој досега има над 43.000 споделувања.

„Мајка ми ги направи!, напиша твитерџиката Лиз Никол од Флорида која прва ги претстави кусите панталони на интернет.

Од новиот џеб на расклопување посебно се одушевени љубителките на фестивали и концерти, оти просто зафаќа многу помал простор од чанта и е попрактичен во секоја смисла.

По објавата на Лиз, бројот на нарачките на панталони со ваков моден додаток, постојано расте.