Леброн Џејмс сака свој НБА клуб

LinkSense.mk

Легендарниот американски кошаркар Леброн Џејмс (37) ги откри своите планови по пензионирањето – сака своја НБА екипа во Лас Вегас.

„Би сакал да го доведам тимот овде во одреден момент“, им рече тој на новинарите откако постигна 23 поени во претсезонскиот натпревар на Лос Анџелес Лејкерс од Феникс Санс одигран во Лас Вегас.

Потоа испрати порака до комесарот Адам Силвер.

„Тој веројатно го гледа секое интервју што доаѓа од НБА играч. Значи, сакам екипа овде, Адам. Фала“, додаде.

Ова не е прв пат Џејмс да се поврзува со потенцијално нов клуб во Лас Вегас. Меѓутоа, според правилата на лигата, тој не може да има сопственички удел во НБА клуб додека не се пензионира.

Во моментов има акции во бејзбол тимот Бостон Ред Сокс и англискиот премиерлигаш Ливерпул.

Во јуни, комесарот на НБА ја коментираше идејата за проширување на лигата. Иако рече дека тоа во моментов не е на маса, додаде дека Лас Вегас и Сиетл ќе бидат пожелни локации во иднина.

„Тие се прекрасни пазари“, рече Силвер.

„Бевме во Сиетл. Жал ми е што повеќе не сме таму. Имаме ВНБА екипа во Сиетл во речиси сосема нова арена која е спектакуларна. А, Лас Вегас, се докажа дека е одличен спортски пазар“, додаде.