Леден бран ја зафати Америка, хаос на патиштата, затворени училишта и аеродроми

Арктички бран го зафати северниот дел на САД, со опасно ниски температури во Монтана и Северна Дакота и обилни снежни врнежи во другите делови на земјата.

Снег и мраз предизвикаа хаос на патиштата и стотици сообраќајни незгоди.

Поради голомразицата и ниските температури животот го загубија најмалку шест лица.

amerika-2

Најголемата несреќа беше верижниот судир на 55 возила кај Балтимор во која загинале две, а потешко повредени се 15 лица.

Во втор верижен судир, исто така во Балтимор, повредени се шест лица после судирот во кој учествуваа 20 автомобили.

Жителите на Северна Дакота се соочуваат со, како што велат, температури кои би можеле да им ги загрозат животите.

amerika-3

Во Монтана луѓето се предупредуваат да се чуваат од премрзнување, додека рекордно ниските температури можат да паднат на дури 34 степени под нулата, пренесува „Гласот на Америка“.

Метеоролозите најавија дека станува збор за арктички бран кој од Канада ги зафати сојузните држави на северот и средниот запад.

Во меѓувреме, снежната бура ги зафати Висконсин, индијана, Вермонт, Њу Хемпшир и Мејн.

amerika-4

Во тие сојузни држави денес се очекуваат најголеми врнежи, и до 15 сантиметри во некои области.

Невремето може да го отежне сообраќајот во неколку делови од земјата овој викенд.

Во Бостон во петокот се забележани најниски температури за тој ден од 1883 година. Училиштата беа затворени, а градските власти ги предупредија жителите да не излегуваат надвор.

Поради виулицата, многу аеродроми пријавија доцнење, или откажување на летовите, а на патиштата е ограничена брзината на движење, и властите ги повикаа возачите да бидат екстремно внимателни.

amerika-7

Повеќе десетици сообраќајни несреќи се случија во Индијана, а поради ледениот дожд и мразот два судари се со смртни последици.

Повеќе од 30 сообраќајни несреќи се пријавени во Вирџинија, а во Северна Каролина во полицијата и во Итната медицинска помош биле пријавени 100 сообраќајки.

amerika-5

amerika-6