Лига Европа: Ајакс елиминиран, Арсенал убедлив, пораз на Динамо во Шпанија

Одиграни се четвртфиналните натпревари во дуелите од Лига Европа, а во Прага беше највозбудливо.

Без Пјер-Емерик Обамејанг, Арсенал славеше против домаќинот, прашка Славија, со 4:0 (1:1 во првиот натпревар).

Веќе после 15 минути се затресе мрежата на домаќинот. Емил Смитр Роу натрча на одбиената топка и стрелаше за 0:1. Вар технологијата, меѓутоа, потврди дека стануваше збор за офсајд. Само три минути подоцна истиот играч несебично го проигра Николас Пепе за водство на гостинската екипа.

Веќе во 21 минута нова радост за екипата од Лондон. Александре Лаказет успеа да ја затресе мрежата со силен удар, а потоа во 24 минута Букајо Сака одлично реагира на центаршутот од работ на шеснаесетникот за 3:0.

Лаказет со својот втор гол во 77 минута ги постави конечните 0:4.

Ајакс во дуелот на „Олимпик“ влезе со заостаток од 2:1. Холандскиот тим беше подобар ривал во првото полувреме, а до голот „копјаниците“ дојдоа дури во 49 минута. Стрелец беше Броуби после убавото префрлување на голманот на домашната екипа. Седум минути подоцна на одбиената топка натрча Душан Тадиќ за нов гол за гостите, а Ентони Тејлор покажа дека бил офсајд после прегледот на Вар-снимката, со што Ајакс остана само со еден гол предност.

Во 72 минута Един Џеко ги тргна сите недоумици околу тоа кој ќе биде патникот во полуфиналето. Тој после една одбиена топка рутинирано стрелаше во мрежата на гостите, за конечни 1:1.

Манчестер Јунајтед ја победи Гранада со 2:0, а и после првиот натпревар во Шпанија англичаните имаа ист резултат, и без многу проблеми дојдоа до премин понатаму. Со голот на Едисон Кавани, по проигрувањето од Пол Погба во шестата минута од првото полувреме Јунајтед поведе со 1:0, а конечниот резултат од 2:0 беше поставен во првата минута од продолжението на натпреварот, кога Ваљехо ја уфрли топката во сопствената мрежа.

Виљареал од Загреб понесе предност од 1:0, така што на домашен терен работите само ги приведоа кон крај. Пако Алкаресе во 36 минута на „жолтата подморница“ и донесе предност, а во 43 минута Морено зголеми на 2:0.

Динамо успеа да постигне почесен погодок во 74 минута, стрелец беше Оршиќ.

(Фото: АП/Тањуг)