Лига Европа: Ајнтрахт одолеа на Барселона, Ренџерс се „сопна“

LinkSense.mk

Вчера се одиграа првите натпревари од четвртфиналето во Лига Европа. Откако Лајпциг и Аталанта ремизираа, со одличниот гол на Луис Муриел за тимот од Бергамо, на ред дојдоа преостанатите три натпревари.

Ајнтрахт ја пречека Барселона, успеа и да поведе со фантастичниот гол на Кнауф од далечина во 48. минута, но потоа Торес, по акцијата како во видео игра, во 66 минута ги постави конечните 1:1.

Екипата на Франкфурт не само што имаше три пати повеќе удари на овој меч (17:5), туку и одолеа на нападите на тимот на Чави во завршницата, имајќи предвид дека Тута беше исклучен во 78. минута.

Брага, пак, го совлада Ренџерс со 1:0. Стрелец на единствениот гол на овој натпревар беше Абел Руиз, по не баш добрата интервенција на одбраната на шкотскиот клуб во 40 минута.

 

 

 

 

(Фото: АП)