Сите уживаме во неговиот мирис и боја, а го користиме за лимонада, коктели и слатки.
Богат со витамин Ц, лимонот е најдобар сојузник во борбата против настинката и верен чувар на здравјето.
Познато е дека ова кисело овошје благотворно делува на кардиоваскуларниот систем, а помага и во борбата против кожните инфекции предизвикани од разни бактерии.
Но, и тоа не е се.
Дали знаете дека лимонот може да го елиминира непријатниот мирис во домот?
Исечете го на четири кришки, посолете ги сите делови и оставете ги да стојат во кујната.
Со овој едноставен трик ќе ги неутрализирате лошите мириси и ќе внесете пријатна свежина во вашиот дом.
Освен тоа, ќе се ослободите и од околните бактерии.
Ако сакате да направите моќно природно средство за чистење и дезинфекција на површините, во шише со вода ставете сок од три лимони, малку сол и течен сапун. И тргнете во акција.