Линда Еванџелиста го реши случајот со операцијата што ѝ го уништи телото

LinkSense.mk

Линда Еванџелиста објави дека го решила случајот со тн. „ладно обликување“ („CoolSculpting“), неколку месеци откако откри дека „останала трајно обeзличена“ од процедурата за замрзнување маснотии, што ѝ влијаело и на психичкото здравје.

„Со нетрпение го очекувам следното поглавје од мојот живот со пријателите и семејството и среќна сум што го оставам ова прашање зад мене. Навистина сум благодарна за поддршката што ја добив од оние кои ми подадоа рака“, напиша таа на Инстаграм.

Еванџелиста, која е некаде при крајот од шестото десетлетие од својот живот, се врати со нова кампања за „Фенди“ – прва задача на манекенката откако во февруари јавно проговори за „козметичкиот кошмар“ којшто ѝ остави трајни физички последици.

Инаку, во септември, супермоделката поднесе тужба против козметичката компанија „Зелтиг естетикс“, за отштета 50 милиони долари.

Операциите на коишто Линда била подложена меѓу август 2015 и февруари 2016 година требало да ѝ ги намалат масните клетки, но наместо тоа развила масна хиперплазија – покачување на масните клетки. Со солзи потоа, во интервју од февруари годинава, манекенката призна дека „веќе не може да живее во оваа болка“ и по седум години вон јавноста, конечно проговори за тоа и имаше фотосесија.