Често се случува обичните корисници да наседнат на измама на интернет, но кога тоа ќе им се случи на компании како Гугл и Фејсбук, тогаш тоа предизвикува чудење.
Евалдас Р. од Литванија со иамама од гигантите земал 100 милиони американски долари.
Веста за неговото апсење објавена е уште во март, но не и тоа кои биле жртвите.
Истрагата открива дека Литванецот од 2013 година фалсификувал мејлови, сметки и официјални меморандуми и дека се претставувал како претставник на азиски производител, со кој Гугл и Фејсбук редовно соработуваат.
Станува збор за компанијата „Кванта компјутер“.
И Гугл и Фејсбук потврдиле дека биле жртви на измамата.
Евалдас две години им подметнувал на компании лажни фактури за компјутерски прибор и собрал 100 милиони американски долари, кои ги распоредил на разни сметки во Источна Европа.
Според податоците на полицијата, поголем дел од споменатиот износ бил запленет, а Евалдас ги негира обвиненијата.
Моментно е во притвор во Литванија и во тек е постапка за испорака.
Неговиот адвокат се обидува тоа да го спречи, затоа што мисли дека неговиот клиент не би имал фер судење во САД.