Македонија го одбележува денот на Европа и победата над фашизмот

 

Денеска со повеќе активности во Македонија ќе биде одбележан 9 Мај – Денот на Европа и  Денот на победата над фашизмот.

Околу триесетина настани низ целава земја ќе организира и подржи Делагацијата на Европската унија со повеќе организации, амбасади, и општини, по повод одбележувањето на 67 роденден на ЕУ – Денот на Европа , чија цел е да го доближи процесот на евроинтеграции поблсику до граѓаните.

Од делегацијата на ЕУ информираат дека станува збор за најразлични настани поврзани со спортот, како Скопскиот маратон, турнири во мал фудбал, настани од културата, годишен матурски танц за матурантите од средните училишта , како и бројни дебати, предавања, натпревари и локални фестивали.