Македонската репрезентација ги дозна ривалите во квалификациите за eEURO2021

Македонската репрезентација ќе игра против Шпанија, Финска, Украина и Естонија во квалификациите за пласман на eEURO2021, одлучено е вечерва со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

Македонски претставници во квалификациите се Давид Гаревски и Ташко Илиев, кои беа најуспешни на квалификацискиот турнир одржан минатиот месец во организација на Фудбалската федерација на Македонија и македонската Еспорт федерација.

Квалификациите ќе се играат од 15 март до 26 април, а директен пласман на завршниот турнир што во првата половина на јули ќе се одржи во Лондон ќе обезбедат првопласираните во десетте квалификациски групи.

Второпласираните во групите ќе играат плеј-оф за преостанатите шест места на eEURO 2021.

Наградниот фонд на завршниот турнир изнесува 100.000 евра, а победникот ќе добие 40.000 евра.