Македонските футсалци го дознаа календарот во квалификациите за ЕП

Македонската репрезентација во футсал ги дозна термините за одигрување на натпреварите во квалификациите за пласман на Европското првенство, чиј домаќин во 2022 година ќе биде Холандија.

Избраниците на селекторот Васил Скендеровски се во четвртата квалификациска група со Србија, Босна и Херцеговина и Романија.

На првиот натпревар македонската репрезентација ќе и гостува на БиХ, на 28 јануари во Зеница, по што следува мечот против Романија во Скопје, на 3 февруари и гостување на Србија, на 5 март.

Возвратниот дуел со Србија ќе се игра на 9 март во Скопје, а македонската репрезентација евро-квалификациите ќе ги заврши во април, најпрво против БиХ во Скопје и гостување кај Романија во завршниот натпревар.