Македонците итаат кон Инстанбул и Дубаи за Нова Година

LinkSense.mk

Поради поволните цени, за македонските граѓани годинава како најбарани дестинации за новогодишната ноќ се Истанбул и Дубаи. Помал е интересот за европските градови.

Освен Истанбул, меѓу најбараните турски дестинации е и Анталија

Поволните цени што ги нудат хотелите, авиокомпаниите и туристичките агенции го зголемија интересот за Дубаи. Во агендата што ја нудат македонските туристички агенции е посета и престој во Абу Даби.

Годинава помал е интересот за европските градови. Причина за тоа, според информации од агенциите, намалениот број на авиолинии со поевтина тарифа кон одредени градови и зголемувањето на цените во хотелите.

Сепак, некои граѓани можат да си дозволат аранжмани за дочек на Нова година во одредени градови како што се Париз, Будимпешта, Мадрид, Венеција, Милано, Рим…

Од градовите во регионот, најатрактивен е Белград, но според агенциите, за прослава на новогодишнината ноќ во соседството, граѓаните најчесто сами се организираат.