Мандарините го штитат црниот дроб, ги јакнат коските

LinkSense.mk

Со есента доаѓа постудено време, а со тоа и пад на имунитетот. Затоа треба да го зајакнеме нашето тело со многу витамини и влакна, за да може нашиот имунолошки систем да работи оптимално и да бидеме помалку подложни на инфекции.

Мандарините се вистински подобрувач на здравјето. Но, што ги прави овие слатки мали агруми толку здрави? Ќе ви откриеме пет причини зошто треба да јадете најмалку три мандарини секој ден.

Ги зајакнуваат коските

Мандарините содржат многу елементи во трагови и минерали, како што е калциумот. Тие ги зајакнуваат коските и обезбедуваат здрави заби. Покрај тоа, мандарините имаат особено добра биорасположивост – што значи дека телото може подобро да ги апсорбира хранливите материи содржани во агрумите. Причината за тоа е овошната киселина во мандарините.

Добри се за кожата

На телото му треба многу витамин Ц за здрава и цврста кожа, бидејќи обезбедува изградба на повеќе колагенозно сврзно ткиво. А тоа пак ни дава убава и мазна кожа. Сепак, телото не може само да произведува витамин Ц – тој треба да се внесува преку храната. А мандарината е вистинска бомба со витамин Ц! Тој е важен и за кожата, а мал број го има во мандарините: таканаречениот провитамин А, познат и како бета каротен, кој обезбедува регенерација на клетките.

Го подобруваат имунолошкиот систем

Витаминот Ц во мандарините ни помага и во борбата против настинката. Овој витамин генерално ни го зајакнува имунитетот, но ако веќе сме настинати, може и да го скрати времетраењето на настинката. Три до четири мандарини дневно се идеални – што значи дека веќе сме покриле една третина од нашите дневни потреби за витамин Ц.

Помагаат при слабеење

Тешко е да се поверува, но е вистина: американските научници открија дека мандарините дури можат да ни помогнат да изгубиме тежина. Имено, супстанцијата нобилетин, која ја содржат овие мали агруми, го поттикнува согорувањето на мастите. Совет: нобилетинот најчесто се наоѓа директно под кората во белите влакна кои често ги отстрануваме. Затоа треба да ги јадете и нив.

Го штитат црниот дроб

Патем, нобилетинот има уште едно добро својство: се грижи вишокот маснотии да не се акумулира во црниот дроб и со тоа го одржува здрав. Замастен црн дроб, кој се формира првенствено поради внесот на многу шеќери и јаглехидрати, е поттик за разни болести, како што се разни видови на рак, дијабетес и остеопороза.