Маск наспроти Каспаров

LinkSense.mk

Предлогот на најбогатиот човек на светот, Илон Маск, за решавање на руско-украинскиот конфликт преку преговори беше остро критикуван во Киев, но и во Белата куќа во Вашингтон, каде што се оградија од неговите сугестии дека „ништо не треба да се решава без Украина“.

Со Маск во полемика влезе поранешниот шампион во шах, а сега политички емигрант, Гари Каспаров, кој го нарече „корисен идиот на Кремљ“. Маск одговори дека изгубил повеќе од 80 милиони долари и дека го предал „Старлинк“ на Украина на употреба и со тоа влегол во голем ризик неговата компанија да биде подложена на сајбер напади и му постави јавно прашање: „А, ти што конкретно направи, освен што пишувал на Твитер?”

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Ројтерс)