Милијардерот Илон Маск објави порака на Твитер дека Русите му се закануваат затоа што со своите сателити „Старлинк“ овозможил комуникација во Украина.
„Ако умрам под мистериозни околности, ми беше убаво што ве познавам“, напиша Маск.
If I die under mysterious circumstances, it’s been nice knowin ya
— Elon Musk (@elonmusk) May 9, 2022
Синоќа Маск на Твитер објави изјава на Дмитриј Рогозин, шеф на руската вселенска агенција „Роскосмос“, во која го обвини Маск дека е вклучен во „снабдување на фашистичките сили во Украина со воена комуникациска опрема“. Рогозин изјавата за Маск ја објави на Телеграм.
.@Rogozin sent this to Russian media pic.twitter.com/eMI08NnSby
— Elon Musk (@elonmusk) May 9, 2022
Во својата изјава, Рогозин ги нарече Азов и украинските војници „милитантни нацисти“.
„И за ова, Илон, ќе бидеш сметан за одговорен.
Рогозин во пораката наведува дека испораката на опремата „Старлинк“ ја доставил Пентагон.
„И за ова, Илон, ќе бидеш виновен без разлика колку ќе се правиш глупав“, напиша Рогозин на Телеграм.
Објавата на Маск беше коментирана од многу корисници на Твитер, меѓу кои и од неговата мајка, Маја Маск.
„Тоа не е смешно“, коментирала мајката на Маск со неколку лути емотикони.