Масонот од Мавровка

Сфаќате ли дека кризата допрва ни доаѓа?

Дека банките ќе почнат пак да си ги наплаќаат ратите за кредит, дека извршителите се вратија на работа, дека рокот за трошење на домашните платежни картички и ваучерите за одмор истекува, дека се потрошија државните субвенции за минимална плата, дека УЈП од идниот месец нема да ги простува придонесите за плата…

Нели ни требаа брзи избори, да се знае кој е одговорен, да се знае кој ќе ја води државата, каде одиме, да имаме функционална влада…

Од сето брзање за антикризни мерки излезе дека најитно морало само да се дигне цената на струјата. И да се оди на одмор. Па сега ќе чекаме 10 дена еден рок. Па дваесет дена друг рок. Сѐ по процедура. Синким, ние Белгија сме па институциите толку се независни и стручни, па можеме да функционираме и цела година без Влада.

Не само министрите, кај нас и директорите не знаат дали ќе останат директори, а државната администрација тера продолжен одмор уште од март. Сфаќам јас дека и на Зоран Заев му треба одмор. Ама не сфаќам како можеше најсериозниот кандидат за премиер да не се појави никаде на Илинден. Оти, многу е голема државата па не можел да стигне од неколкуте локации каде што одмарал. Тоа на вмровски кандидат за премиер никогаш не би му се случило. ВМРО-ДПМНЕ изгуби.

Ама па, и СДСМ не победи. Од парламентарните избори во 2016 до овие избори освоија 110.000 гласови помалку. Според бахатоста што почнаа да ја покажуваат, таман се за да паднат од власт. За да не забегаат како вмровците во 2008. Туку, имаат среќа што на чело на ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски.

Koлумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука