Матеус го советува Анчелоти: Биди строг, ќе настане хаос

LinkSense.mk

Легендата на Баерн, Лотар Матеус го предупреди тренерот на Баварците, Карло Анчелоти, дека мора под итно да заведе ред меѓу играчите, после протестот и незадоволството на Томас Милер и Роберт Левандовски.

„Анчелоти мора да биде строг кон играчите, многу поостар од што беше до сега. Ако тоа набрзо не го стори, ќе настане хаос“, изјави Матеус.

После три кола во Бундес лигата Баерн беше на шестото место, а во последното коло доживеа пораз од Хофенхајм.

Дека нешто лошо се случува во Минхен на сите им е јасно. Се повеќе се оние кои се незадоволни од тренерот Анчелоти, Италијанецот кој што Баерн требаше да го однесе до врвот на Европа, она што не му успеа на Пеп Гвардиола.

Меѓутоа, Баерн не изгледа ниту приближно доволно моќно за да им се спротистави на Реал и Барселона, како први фаворити во натпреварувањето.

Најмногу боли односот на Анчелоти кон Томас Милер, легендата на клубот капитен на екипата. Милер во второто коло во Бремен остана на клупата од, како што објасни Анчелоти, „тактички причини“.

После натпреварот Милер јавно се побуни, го критикуваше Анчелоти и порача дека не знае какви квалитети се бараат во Баерн, но дека очигледно ме станува збор за неговите. Тоа го изјави офанзивецот кој во Баерн е 17 години, а кој под водството на Анчелоти даде само пет голови.

„Оние кои јавно го критикуваат клубот, тренерот и соиграчите ќе имаат проблем со мене. Тоа што Милер го кажа во Бремен не е воопшто добро. Мораме да бидеме посериозни. Незадоволството е во ред, но не е во ред јавно да го критикуваш тренерот“, порача извршниот претседател на Баерн, Карл Хајнц Румениге.

Клубот го критикуваше и моментно најдобриот играч на Баварците, Роберт Левандовски, незадоволен од политиката што ја води клубот за доведување нови фудбалери и од силата на екипата за дуелите со најсилните во Европа.

Покрај сето тоа, после поразот од Хофенхајм се појавија и приказни дека Анчелоти би можел да стане поранешен и дека има богата понуда од Кина.