СОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА: „Мајкрософт“ го претстави првиот ВИ-чип

LinkSense.mk

На конференција во Сиетл, САД, „Мајкрософт“ го претстави својот прв чип со вештачка интелигенција – „Маја 100“, којшто може да се натпреварува со многу бараните процесори на „Енвидија“.

Технолошкиот гигант го претстави и чипот „Кобалт 100 арм“, наменет за општи компјутерски задачи и со слични функции како процесорите на „Интел“, пренесува „Си-Ен-Би-Си“.

„Мајкрософт“ моментно го тестира чипот „Маја 100“ во чет-бот со ВИ на прелистувачот „Бинг“, како виртуелен асистент за кодирање на платформата „Гитхаб“ и јазичниот модел „ГПТ-3.5-турбо“.

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор: МИА)