Мбапе e нов играч на Реал Мадрид

LinkSense.mk

Не е тајна дека Килиан Мбапе е голема желба на Реал Мадрид и на Флорентино Перез, кој веќе неколку години чека прилика да ја доведе француската суперѕвезда, а сагата се чини конечно заврши.

Како што ексклузивно објави новинарот на телевизијата Ел Сирингито, Хосеп Педрерол, кралскиот клуб успеал да го обезбеди она долгоочекувано „да“ на Мбапе и сега, откако потпиша со ѕвездата на ПСЖ, ќе се сврти кон ново големо име, Ерлинг Халанд.

Реал, така, сака да создаде „смртоносен“ напаѓачки тандем, кој треба да биде високо во светскиот фудбал во следните 10 години, бидејќи и Халанд и Мбапе се млади, а веќе се големи ѕвезди, кои дополнително ќе напредуваат и чија популарност и вредност дополнително ќе растат.

Да потсетиме, Мбапе во неколку наврати одбиваше да потпише нов договор со ПСЖ, кој летово одби 160 милиони евра, и бараше 200 милиони за него.

На крајот Реал чекаше шест месеци и го искористи моментот да потпише со Мбапе без обештетување, бидејќи неговиот договор истекува за шест месеци.