ПАК ДОЈАВИ ЗА БОМБИ: Закани за 31 училиште во Скопје

LinkSense.mk

Закани за бомби утрово стигнале на електронските адреси на 31 училиште во Скопје, соопшти МВР.

„Денеска до 8.20 часот во Министерството за внатрешни работи беше пријавено дека на електронските адреси на 31 училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од Министерството.