МВР: Изречени 327 санкции за брзо возење

LinkSense.mk

Полицијата вчера во рамки на засилените контроли во сообраќајот санкционираше 327 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената. Од нив, 22 санкции се изречени за возење со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 155 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 172 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.