МВР: Одделот за внатрешна контрола веќе работи на расчистување случај со земање мито на „Блаце“

LinkSense.mk

Одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце.

По расчистување на случајот и санкционирање на сторителите, соодветно ќе ја информираме јавноста, информираат од Министерството за внатрешни работи.