МВР: Санкционирани 91 возач под дејство на алкохол

LinkSense.mk

Во текот на вчерашната вечер во периодот од 21 до 03 часот спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територија на државава, при што санкционирани се 91 возач.

Како што информираат денеска од МВР, од нив 18 на територија на СВР Куманово, 13 на територија на СВР Скопје, 11 на територија на СВР Битола…

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да се зголеми безбедноста во сообраќајот.