Мемоарите на Хари ќе ја срушат монархијата!?

Принцот Хари повеќе пати покажа дека не се плаши да зборува против кралското семејство, а неговата најнова најава дека ќе издаде мемоари можеби ќе ги загрижи неговите роднини повеќе од што било што тој до сега направи.

Се почна во јануари 2020 година кога Хари и неговата сопруга Меган Маркл најавија дека го напуштаат кралското семејство.

Се преселија во Калифорнија, и се чини дека добро им оди, со оглед на фактот дека склучиле неколку договори за големи работи.

Состојбата се заостри кога Хари и Меган гостуваа во емисијата на Опра Винфри во која прилика изнесоа шокантни тврдења за членови на нивното семејство.

Се чинеше дека бурата после интервјуто малку се намали, затоа што Хари годинава дури два пати ја посети татковината. Присуствуваше на погребот на принцот Филип и на откривањето на статуата на неговата мајка, принцезата Дајана.

Меѓутоа, британската јавност неодамна повторно се разбранува по веста дека Хари пишува мемоари кои ќе бидат објавени во 2022 година.

Мемоарите, вели, ги пишувал не како принц како што бил роден, туку како човек каков што станал.

Прераскажувајќи ви ја својата приказна, за подемите и падовите, за грешките и за научените лекции, се надевам дека ќе можам да ви помогнам и да ви покажам дека без оглед на тоа од каде доаѓаме, имаме повеќе заедничко отколку што мислиме“, наведе Хари во соопштението.

Кога се појави веста дека британскиот принц ќе објави мемоари, луѓето веднаш почнаа да се прашуваат какви се сочни кралски тајни би можел да открие.

Се утврди дека оваа најава најповеќе ги загрижи членовите на кралското семејство.

Овие вести, како што тврдат извори за „Дејли мирор“, предизвикале „цунами на загриженост и страв“ во Бекингемската палата.

Како што пишува споменатиот весник, тие стравуваат дека книгата би можела да ја „дестабилизира“ монархијата и дека Хари може да ја уништи репутацијата на идниот крал, на својот татко Чарлс.

Иако кралицата Елизабета моментно е на престолот, принцот Чарлс е следниот на ред и семејството стравува од она што Хари може да го каже за својот татко во книгата.

Само времето ќе покаже што точно Хари ќе открие во мемоарите и дали стравувањата ќе се остварат или не. Ако се суди според претходните изјави, тој нема да се стеснува да ја сподели својата страна од приказната.

Некои експерти тврдат дека Хари ќе го опише и периодот на своето детство со фокус на трагичната смрт на неговата мајка.

Добро информиран извор ми рече дека мемоарите на Хари во голема мера ќе се фокусираат на смртта на неговата мајка, принцезата Дајана, и кого тој го обвинува за тоа“, наведе Ангела Левин, добар познавач на прашања поврзани за кралското семејство.