Мендел: Зеленски побара разговор со Путин за ситуацијата во Донбас, одговор се уште нема

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара разговори со рускиот претседател Владимир Путин за ескалацијата на конфликтот во источна Украина, меѓутоа, тој се уште не доби одговор, изјави денеска портпаролката на украинскиот претседател Јулија Мендел.

Русија распореди повеќе од 40 000 војници на источната граница со Украина, а повеќе од 40. 000 војници се распоредени и на Крим, рече Мендел, пренесена од британските медиуми.

Зеленски, според неа, ќе се упати кон Париз на разговори за акумулацијата на руските трупи и ескалацијата на конфликтот во Донбас.

Од кабинетот на претседателот се побарани разговори со Владимир Путин. Се уште не добивме одговор, но се надеваме дека ова не е отфрлање на дијалогот, рече портпаролката на Зеленски.