Меркел: Постојано не напаѓаат руски хакери

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека сајбер нападите од Русија толку зачестиле, што Германија мора да научи да ги третира како секојдневие, пренесува АФП.

Таа, по подвод најголемиот сајбер напад на сајтовите корисници во Германија, рече дека не знае кој стои зад нападот кој без интернет остави милиони клиенти на Дојче Телеком.

dojce-telekom

„Таков сајбер напад или хибриден судир, познат и како руска доктрина, сега се дел од секојдневието и мораме да научиме да живееме со неа“, изјавила таа.

Шефот на германската разузнувачка служба БНД, Бруно Кал, предупреди дека на изборите следната година во Германија руските хакери можат со ширење на погрешни информации да го нарушат тој демократски процес, пренесува Ројтерс.

„Имаме доказ дека сајбер нападите земаат замав, а сторителите се заинтересирани за негирање и запирање на демократскиот процес“, изјавил тој и додал дека посебно Германија е погодена од ширењето на лажни информации по пат на интернет.

Во понеделникот стотици илјади клиенти на Дојче Телеком беа изложени на напади на хакери кои го забавија или отежнаа пристапот на интернет.