Меркел ќе посредува меѓу Путин и Зеленски?

LinkSense.mk

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел призна дека нејзиното заминување од власт можеби помогнало да предизвика напад врз Украина.

Во интервју за германскиот медиум РНД (RedaktionsNetzwerk Deutschland), Меркел зборуваше за нејзиниот однос со рускиот лидер Владимир Путин, проектот Северен тек 2 и за новата фаза од животот после 16 години поминати на власт.

Ангела Меркел вели дека одлуките што ги донела додека била на власт, како и нејзиното заминување минатата година, можеби влијаеле на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да започне инвазија на Украина во февруари. Таа го обвини рускиот претседател за одлуката за напад, но и предупреди дека Западот „мора сериозно да го сфати Путин“.

Во едно од првите интервјуа по заминувањето од функцијата во декември, поранешната канцеларка откри дека минатата година се обидела да разговара со рускиот претседател за новиот европски безбедносен поредок, но дека тој не бил заинтересиран да дискутира за тоа.

Од една страна, Путин повеќе не беше подготвен за Самитот во нормандиски формат со претставниците на Русија, Германија, Украина и Франција. Од друга страна, не успеав да создадам дополнителен европско-руски формат за да разговараме за европскиот безбедносен поредок“, истакна Меркел во интервјуто за РНД, додавајќи дека Студената војна „сеуште не е надмината“.

Путин мора да се сфати сериозно“, предупреди таа и посочи дека неговиот брутален напад е пресвртница во европската повоена историја која ќе има последици уште многу години.

Таа го поддржа нејзиниот наследник Олаф Шолц.

Затоа мислам дека е правилно Западот да работи на постоењето на Украина без да стане дел од директен воен конфликт“.

На прашањето дали Путин чекал да ја нападне Украина откако таа повеќе нема да биде на функцијата, Меркел рече: „Моето заминување можеби беше придонес, како што се француските избори, повлекувањето на војниците од Авганистан и одложувањето на спроведувањето на договорот од Минск“.

Меркел ја призна и сопствената немоќ на крајот на мандатот.

Јасно беше дека нема да бидам уште долго време на функцијата и затоа морам да констатирам дека разните обиди во изминатата година немаа ефект“.

Меѓутоа, долгорочно гледано, таа не ја исклучува нејзината посредничка улога во решавањето на конфликтот. На прашањето дали ќе биде слободна да посредува, Меркел одговори: „Тоа прашање во моментов не се поставува“.

Меркел ја бранеше одлуката на тогашната германска влада за изградба на гасоводот Северен тек 2 во Балтичкото Море и покрај руската анексија на Крим во 2014 година.

Не верував во промени преку трговија, туку во поврзаност преку трговија со втората по големина нуклеарна сила во светот“, рече поранешната германска канцеларка.

Во тој контекст, сметала дека проектот е оправдан после преговорите за мировниот договор од Минск за источна Украина, иако тоа, признава, не била лесна одлука.

Тогашната теза беше: Ако ‘Северен тек 2’ биде во функција, Путин повеќе нема да испорачува гас преку Украина ниту ќе ја напаѓа. Русија ја нападна Украина на 24 февруари кога гасот сè уште не течеше низ Северен тек 2. Во таа смисла, гасот не е оружје“, смета Меркел.

Патем, го оправда проектот и од економски причини, наведувајќи ги високите цени поради сеуште недостаток на обновливи извори на енергија, постепеното укинување на нуклеарната енергија и почетокот на постепеното исфрлање на јагленот.

Германската економија во тоа време одлучи да транспортира гас од Русија бидејќи беше економски поевтин од течниот природен гас (LNG) од Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, а подоцна и од САД“, рече Меркел.

Исто така, поранешната канцеларка објасни дека тогашната влада била подготвена со парите на даночните обврзници да поддржи изградба на два терминали за течен природен гас во Германија.

До последниот ден од мојот мандат, ниту една компанија во Германија не изгради терминал за ЛНГ, бидејќи немаше увозници кои поради високите цени би ги резервирале капацитетите на долг рок“, рече Меркел.

На крајот од големото интервју, таа посочи дека по 16 години на власт и 30 години во политика, посакала како „слободна личност“ во мир и тишина подобро да ја запознае Западна Германија.

Ретко сум патувала во старите сојузни држави без некаква цел. Никогаш не сум бил во Лорелеј или Мозелеј, ниту сум бил во катедралата во Трир или катедралата во Спајер“, изјави Меркел за РНД.

 

 

 

 

 

(Фото: АП)