Меси стана амбасадор на Саудиска Арабија

LinkSense.mk

Лионел Меси ја посети Саудиска Арабија и престојуваше во Џеда. Најдобриот фудбалер на светот не ја смени својата вера, туку во најголемото саудиско пристаниште на брегот на Црвеното Море, инаку собирно место за верниците кои доаѓаат во најсветите места на исламската вера Мека и Медина, стигна за да го потврди и парафира претходниот договор да стане амбасадор на Саудиска Арабија и промотор на саудискиот туризам.

Откривајќи го Црвеното Море“ и „Од Црвеното Море до Џеда, ве чека авантурата на животот (#Посетете ја Сауди), напиша Меси во објавите на социјалните мрежи со придружните фотографии, откако во друштво на Ахмед Ал Хатиб, саудискиот туризам министер, ги заврши сите формалности.

Му ги покажавме ‘богатствата на Црвеното Море’, посетивме некои места од дамнешната историја. Пресреќни сме што дојде, не е прв пат тука, се разбира не е ниту последен пат, го поздрави Ал Хатиб својот почесен гостин.

 

Во друштво на Леандро Паредес, колегата од ПСЖ и од аргентинската репрезентација, Меси призна дека уживал на посетата. Само со своето име и презиме повеќекратно ќе му се оддолжи на домаќинот и ќе направи неизмерна реклама на оваа најголема земја на Арапскиот Полуостров.

Меѓутоа, целиот контекст е покомплициран кога ќе се земе предвид заднинскиот „триаголник“ на вклучените учесници. Саудиска Арабија во моментов е една од најкритикуваните земји во светот. Загрозување на човековите права и правата на жените, репресија на политичките и другите неистомисленици, инвазијата на Јемен… Ова се фундаментални приговори кои доаѓаат на сметка на саудиската владејачка династија и кралот Салман бин Абдулазиз Ал Сауд.

Откривањето места од листата на УНЕСКО секако не била целта на патот на Меси, целта била од чисто лукративна природа, бидејќи за тоа што се согласи да стане саудиски амбасадор Меси беше многу, многу богато награден. Не дека му недостасуваат пари, ама од вишок глава не боли. Сега, сепак, малку повеќе го боли бидејќи своето име го поврза со главно многу негативно интонирани реакции.

Она што притоа вреди да се истакне се многу заладените односи меѓу Саудиска Арабија и Катар, чиј капитал е основа за функционирање на Пари Сен Жермен на Меси. Но, ова очигледно не беше проблем и покрај Студената војна“ помеѓу Саудиска Арабија и Катар, бидејќи ПСЖ се согласи да игра дури и на турнир во Ријад пред да биде откажано натпреварувањето. Главоболката на Меси е предизвикана од целосно негативни реакции од светот, реакции од луѓе и институции кои секојдневно ги критикуваат Саудијците. Пример е она што Амнести Интернешенел од Норвешка го наведе во соопштението: „Да се патува во Саудиска Арабија е едно, а да се глорифицира таа земја е нешто сосема друго.“

Здружението, чија примарна цел е борба за човековите права на глобално ниво, ги наведе сите злосторства на Саудиска Арабија, од кршењето на основните (политички) права и правата на жените до казнување на хомосексуалците. Затворениците во Арабија биле мачени, сексуално малтретирани и држени долго време во самица. Борба за правата на жените, реформистичките проповедници, шиитски активисти, борците за демократија – секој што го критикува или го доведува во прашање режимот се соочува со долготраен затвор, а во некои случаи и со смртна казна.

Дали навистина сакаш да поддржиш таква земја?“, го прашаа Меси од Амнести интернешенел.

Во предвечерието на Светското првенство во Катар, кое ќе биде последно за Меси, тој е свесен дека треба да грабне многу додека сеуште може, а тоа го прави. Во текот на својата кариерата постојано избегнуваше да зазема политички позиции, не го користеше својот глас, секогаш беше ‘во ракавици’, а тоа е и сега. Тој е супер паметен, но не се занимава премногу со пошироките социјални прашања“.

Наведениот цитат е една од одбраните за Меси од оние кои го поддржуваат и сега се обидуваат да го банализираат неговиот амбасадорски статус во Саудиска Арабија. Нека е тоа и навистина така, тоа е негово демократско право. Но, со својата одлука значително се одалечи од многумина кои можеби и го идолизираа.

Лионел Меси, стани за човековите права и кажи ‘не’ на касапите Џамал Кашоги и на оние кои брутално се однесуваат кон мирните демонстранти во Саудиска Арабија, беше пораката што му ја испратија членови на семејствата на луѓето што „гнијат“ во саудиските затвори, но таа реченица остана да виси во воздухот, како и секое друго мртво слово на хартија.

Она што го прави Меси ќе остане на неговата совест. Со прифаќањето на понудата на Саудијците, тој јасно стави до знаење колку се грижи за наведените работи. Спортот и политиката немаат место во иста реченица, така велат „книгите“, но реалноста е очигледно поинаква. За многумина како Меси се важни само парите, без разлика колку имаат. За дополнителна илустрација – можете ли да замислите дека утре Роналдо, Модриќ или можеби Левандовски ќе ја прифати функцијата руски амбасадор за туризам?!

 

 

 

 

 

(Фото: Балкис Пресс / Абака Пресс)