Меј и Тамп за односите меѓу двете земји

Британската премиерка Тереза Меј и новоизбраниот претседател на САД , Доналд Трамп, се сложиле денес дека би требало да работат на изградба на односите на двете држави во текот на транзицискиот период, но и да се сретнат при првата прилика, пренесува Ројтерс.

„Премиерката го повика Трамп по телефон и тие разговараа за напредокот на транзицискиот период, и се сложија дека нивните тимови треба да ги продолжат да градат блиски односи, вклучувајќи и состанок пред Божик“, се вели
во соопштението од кабинетот на Тереза Меј.

Како што се наведува, Меј и Трамп разговарале за важноста на НАТО и заклучиле дека би требало да се состанат и со другите претставници-членки на алијансата, за да разговараат и за двата отсто од БДП што се издвојува за одбраната.